Нов ракетен напад е извршен попладнево врз Одеса, соопштија украинските власти. Во градот се слушнала силна експлозија, проследена со облак од чад.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Прес-центарот на безбедносните и одбранбените сили соопшти дека руските трупи извршиле напад врз, како што велат, урбаната инфраструктура. Тие рекоа дека е оштетен еден верски објект.
Ова е втор напад во последните неколку дена. Во саботата, украинските власти објавија дека пистата на аеродромот во Одеса била погодена од ракетен напад.
Локалниот гувернер Максим Марченко изјави дека има загинати и повредени, но не даде дополнителни детали.