Рама: ЕУ не треба да држи никого во регионот како заложник поради вакцините

пред 3 години

Албанскиот премиер, Еди Рама, оцени дека ЕУ не би требало никого во регионот да држи како заложник, вклучувајќи го и Косово, затоа што примиле вакцини од Истокот.

Тој го рече тоа на заедничката прес-конференција со германскиот министер за Европа, Михаел Рот, одговарајќи на прашањето за слободата на движење на Албанците во ЕУ вакцинирани со вакцини од Истокот, пренесува порталот „Албански пост“.

„ЕУ не треба да држи како заложник никого во регионот поради вакцината. Нема потреба да се плаќа тестирање во ЕУ кога ќе ја примите вакцината. Не зборувам само за Албанците, туку и за Македонците, Црногорците, Бошњаците, целиот Балкан“, рече Рама.

Share
Scroll to Top