Рама: Ќe примиме 4.000 Авганистанци – јас сум католик, жена ми е муслиманка, а двете деца се православни

пред 3 години

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за Си -Ен -Ен рече дека земјата ќе прими околу 4.000 Авганистанци и дека не се работи за религија или боја, туку за луѓе.
Рама рече дека Албанија треба да обезбеди засолниште и доверба за бегалците во време на криза.

“Не се работи за вера или боја, се работи за луѓе, треба да им дадеме засолниште. Како можеме да им дозволиме на овие луѓе да умрат? Како да им ја затвориме вратата? Работиме да ги примиме, ќе има околу 4.000 од нив “, рече Рама, пренесуваат албанските портали.

Тој посочи дека одлуката на албанската влада да им помогне на Авганистанците не е од религиозна природа, додавајќи дека фактот дека Албанија и Авганистан се претежно муслимански земји, нема влијание врз одлуката на владата да прифати бегалци.

“Јас сум католик. Мојата сопруга е муслиманка. Двете постари деца се православни. Нашиот најмлад син, ако сака, може да избере да биде од еврејска вера. Тоа се луѓе без оглед на бојата на кожата, културата или верата”, додaде тој.

Според него, доколку Европската Унија и САД одлучат да ја повлечат поддршката за авганистанските бегалци, Албанија нема да го стори тоа, туку ќе им обезбеди азил.

Share
Scroll to Top