Расте бројот на загинати во авионската несреќа на Филипини

пред 3 години

Бројот на жртвите во вчерашната несреќа на авионот „Локид Ц-130 Херкулес“ на филипинските воздухопловни сили се искачи на 50, соопштија властите.

Транспортниот воен авион превезувал 96 војници и членови на екипажот на југот на Филипини, во провинцијата Сулу, каде трае конфликтот со исламските екстремисти со години, но за време на маневарот за слетување пилотите ја промашиле пистата, авионот потоа се срушил во шума со кокосови палми и експлодирал.

Претставник на филипинската армија, полковник Едгар Аревало, претходно потврди дека воениот транспортен авион не бил нападнат и посочи дека во фокусот на надлежните се спасувачките операции и истрагите, објави претходно „Ројтерс“.

Во изјавата на филипинската армија се цитираат изјави на очевидци кои тврдат дека непосредно пред падот, авионот видел како војници скокаат од авионот за да се спасат од можни експлозии.

Снимките објавени на Твитер од Еј-Би-Си Њуз покажуваат чад и пламен како излегува од остатоците на авионот, дониран од САД на филипинската војска.

Пред неговиот последен, судбоносен лет, генералот Ромео Браунер јуниор пристигна со својата сопруга и трите деца со истиот авион од Манула до Кагајан де Оро за да ја преземе функцијата воен командант.

Според филипинската војска, авионот што се урна вчера бил во многу добра состојба и ги следел сите оперативни протоколи за време на летот, па истрагата ќе треба да даде конечен одговор на прашањето што точно ја предизвикало несреќата.

Share
Scroll to Top