Германските специјални полициски единици денеска извршија претрес на околу 30 објекти, како дел од истрагата за перење пари и организиран криминал во западната германска провинција Северна Рајна-Вестфалија.
Истражителите извршиле претрес во домови, канцеларии и продавници во Дуизбург, Леверкузен, Гелзенкирхен и други градови во регионот Рајна-Рур, пренесува агенцијата АП.
Тие конфискувале имот и уапсиле неколку лица.
Истражителите се очекува подоцна да објават дополнителни детали во врска со рациите.