Реакција од Москва откако Г7 одби да плаќа во рубли: „Нема бесплатен гас“

пред 2 години

Одбивањето на земјите од Г7 да купуваат гас во рубли е пат кон запирање на испораката на гас, изјави Иван Абрамов, заменик-претседател на Комитетот за економска политика на Руската Федерација.

„Ако тие земји одбијат да купат гас со рубли, тоа дефинитивно ќе доведе до прекин на неговото снабдување. Ние имаме јасен став“, рече тој.

Нагласи и дека Русија не може бесплатно да испорачува гас.

„Ако условот е плаќање во рубли, тогаш тоа значи дека треба да платите во рубли. Имаа доволно можности да купат рубли, можат веднаш да го направат тоа“, порача Абрамов.

„Ние не поставуваме нереални барања“, додаде тој.

Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија дефинитивно нема да испраќа гас бесплатно.

Германскиот министер за енергетика изјави дека сите министри на земјите од Г7 го одбиле барањето на Русија за плаќање на руските енергенси во рубли, пренесе АП.

Роберт Хабек за новинарите изјави дека сите министри целосно се согласиле дека тоа ќе биде еднострано и јасно кршење на постоечките договори.

Share
Scroll to Top