Во Словенија и Хрватска во последните 24 часа се потврдени најголем број новозаразени лица со коронавирус од почетокот на епидемијата.
Во Хрватска во последните 24 часа се регистрирани 6.310 новозаразени лица. Ова е најголемиот број нови случаи во еден ден од почетокот на епидемијата во Хрватска.
Капацитетите на болниците во одделенијата за ковид во некои болници се речиси полни.
Во Загреб вчера беше соборен рекорд на дневен број на заразени, дури 1.371 лице добило позитивен резултат на направен ПЦР тест.
Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 4.511 новозаразени со коронавирус, што е нов рекорд од почетокот на епидемијата по вчерашните 3.456 случаи, а според новите прогнози растот на новозаразени во четвртиот бран би можел да продолжи до крајот на ноември.
Во болниците во моментов има 670 пациенти со Ковид-19, од кои 159 на одделенија за интензивна нега, додека 18 пациенти починале во последните 24 часа.