Решена мистеријата со распачените човечки тела пронајдени во во куфери во Италија

пред 3 години

Италијанската полиција ја разреши мистеријата за распарчените човечки тела кои беа пронајдени во куфери во поле на периферијата од Фиренца, пишува весникот „Фанпејџ“.

Станува збор за албанска брачна двојка Шептим и Тетута Пашо, кои исчезнале без трага во 2015 година, а тоа било пријавено од страна на нивната ќерка.

Албанската двојка не живеела во Италија, но била во посета на синот и ќерката кои живеат во Фиренца.

Според нејзината ќерка, мајката во ноември 2015 година се јавила од непознат телефонски број и рекла дека повеќе нема да се јавува на никого и оттогаш тие ззгубиле секаква трага.

Во тоа време, синот на убиените сопружници издржувал затрворска казна, а затворот се наоѓал во близина на местото каде беа пронајдени нивните распарчени тела.

Share
Scroll to Top