Римски гробари на протест: Повеќе не можеме да се справиме со преполни мртовечници

пред 4 години

Работниците на римските гробишта протестираа затоа што како што велaт повеќе не можат да се справат со пренатрупаните мртовечници, обвинувајќи ја владата дека не е во состојба да управува со пандемија на коронавирус.

Директорите на гробиштата велат дека 2.000 тела се натрупани само во римскиот крематориум, со капацитет од 50 лица на ден, и дека другите гробишта се преполни.

Градската компанија за погреби претходно оваа недела објави дека се соочува со невидена ситуација и дава се од себе за да обезбеди дополнителни 60.000 гробни места.

Според компанијата, од октомври 2020 до март 2021 година имало 4763 смртни случаи повеќе отколку во истиот период 2019/2020 година, а негативниот тренд продолжил и во април.

Досега, 116.000 луѓе починаа од Ковид-19 во Италија. Повеќето од нив се наоѓаат на северот на земјата, но во последно време сè повеќе луѓе умираат во централна и јужна Италија.

Демонстрантите положија венци пред Храмот Херкул, во близина на Градското собрание.

Политичарите од опозицијата велат дека таквата ситуација можела да се избегне доколку градските власти ги слушале предупредувањата уште во 2017 година дека треба да се модернизира и прошири крематориумот.

Share
Scroll to Top