Романија подигна авиони поради беспилотни летала во близина на границата

Романија подигна авиони поради беспилотни летала во близина на границата

пред 2 часа

Романското Министерство за одбрана денес објави дека ангажирало борбени авиони во текот на ноќта и рано утрово поради присуство на беспилотни летала во близина на романската граница за време на нападот врз Украина.

Во соопштението се наведува дека првите германски авиони „Еурофајтер Тајфун“ полетале во текот на ноќта за да ја следат ситуацијата во воздухот, откако системите за следење ги детектирале беспилотните летала.

Министерството изјави дека беспилотните летала исчезнале од радарот кратко откако експлозиите биле регистрирани во украинскиот пристанишен град Исмаил, на границата со Романија.

Упадот на беспилотни летала во романскиот воздушен простор не бил регистриран, а Тајфуните се вратиле во 57-та воздухопловна база околу еден часот наутро, пишуваат светските медиуми.

Недолго потоа, Романија подигнала два авиони Ф-16, кои забележале експлозии на украинска територија, на различни растојанија од Исмаил.

Дури и тогаш, влегувањето на беспилотни летала во воздушниот простор на Романија не било забележано, па авионите се вратиле во 86-та воздухопловна база кратко пред четири часот наутро.

Романија дели граница од 650 километри со Украина, а делови од уништени руски беспилотни летала постојано паѓаат на нејзина територија.

Фото: принтскрин

Текстот Романија подигна авиони поради беспилотни летала во близина на границата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top