Двајца поранешни американски војници биле заробени за време на борбите со руските сили во Украина, објави британски „Телеграф“.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Ова е првпат американски борци да бидат заробени во Украина од почетокот на војната.
Александер Друеке (39) и Енди Хајн (27) биле заробени за време на жестоката битка во близина на Харков минатата недела, велат нивните соборци.
За потсетување, судот на самопрогласената проруска Народна Република Донецк неодамна осуди на смрт двајца британски доброволци и еден Мароканец заробени во Мариупол.