Русија: Вакцината „Спутник V“ е ефикасна и против новиот вид на коронавирус

пред 3 години

Вакцината „Спутник V“ е ефикасна и против новиот вид на коронавирус што се појави во Велика Британија, изјави денеска Александар Гинзбург, директор на Националниот истражувачки центар „Гамалеј“, кој ја произведе вакцината.

„Секако, тие ќе штитат, нема докази дека нема“, изјави Гинзбург за РИА Новости.

Во Велика Британија е откриен нов вид коронавирус кој се шири многу побрзо, но нема докази дека предизвикува потешки форми на болеста.

Share
Scroll to Top