Русија: Во украински напад врз Белгород загина 13-годишно девојче

Русија: Во украински напад врз Белгород загина 13-годишно девојче

пред 7 часа

Во украински напад со дрон врз руската погранична област Белгород загинало 13-годишно девојче, а две деца се повредени, соопшти вршителот на должноста гувернер на регионот, Александар Шаваев.

Според него, дронот погодил подрачје во близина на детско игралиште во селото Принцевка, во близина на украинската граница. Лекарите, како што наведе, не успеале да го спасат животот на девојчето, додека две девојчиња на возраст од седум и девет години се хоспитализирани.

Руската комесарка за правата на децата, Марија Лвова-Белова, нападот во близина на игралиштето го оцени како „уште еден нехуман терористички чин на режимот во Киев“, пренесуваат руските новински агенции.

Украинските власти засега не ги коментираа руските тврдења за жртвите.

Текстот Русија: Во украински напад врз Белгород загина 13-годишно девојче е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top