Руското Министерство за одбрана ги повика украинските цивили да се евакуираат од Киев, нагласувајќи дека е отворен коридор за заминување на жителите, пренесува „РТ“.
„Цивилите можат да тргнат по автопатот до Василково, град на околу 20 километри југозападно од главниот град. Тој правец е отворен и безбеден“, се наведува во соопштението.