Русија денеска забрани користење на рускиот воздушен простор од авиони на британските авиокомпании и други авиони од таа земја, соопшти Федералната агенција за воздушен сообраќај.
Во соопштението се прецизира дека забраната се однесува на летови на авиони во сопственост и изнајмени од лица од Велика Британија.
Забраната опфаќа и лица поврзани со Велика Британија и авиони регистрирани во таа земја, пренесува „Интерфакс“.