Русија за изјавата на израелскиот министер: Најавата за нуклеарен напад врз Газа покренува многу прашања

Русија за изјавата на израелскиот министер: Најавата за нуклеарен напад врз Газа покренува многу прашања

пред 11 месеци

Соединетите Држави го нарекоа предлогот на израелски министер за фрлање атомска бомба врз Газа „неприфатлив“ и ги повикаа сите страни во конфликтот да избегнуваат „реторика на омраза“.

„Премиерот Нетанјаху и израелската влада ги отфрлија тие зборови, кои ги сметаме за целосно неприфатливи“, рече портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател.

„Важно е сите страни во конфликтот да се воздржат од реторика со омраза што може да ги разгори тензиите“, рече тој.

Владата на премиерот Нетанјаху во неделата го суспендираше екстремно десничарскиот министер за наследство Амичај Елијаху „од сите состаноци на кабинетот“ до дополнително известување. Во интервју за израелското радио Кол Барама, министерот Елијаху му одговори на новинарот дека „една опција е да се фрли некаква нуклеарна бомба“ врз Газа за да се „убијат сите“. Израел има една од најмоќните војски на Блискиот Исток и се верува дека поседува нуклеарно оружје, иако никогаш јавно не извршил нуклеарна проба. Елијаху подоцна се обиде да ја поправи својата изјава велејќи дека е „метафорична“, но предизвика бес во арапските земји.

Русија: Ова покренува многу прашања

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека изјавата на израелскиот министер покренала многу прашања, пренесува Ројтерс. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова рече: Тоа отвори огромен број прашања. Прашање број еден – излегува дека слушаме официјална изјава за присуство на нуклеарно оружје? Според тоа, следните прашања што ги имаат сите се – каде се меѓународните организации, каде е МААЕ, каде се инспекторите?

Текстот Русија за изјавата на израелскиот министер: Најавата за нуклеарен напад врз Газа покренува многу прашања е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top