Русија за пожарот во нуклеарната централа: Тоа е провокација од Киев

пред 2 години

Руските сили ја преземаат контролата врз градот Енергодар, дом на најголемата нуклеарна централа во Европа, соопшти руското Министерство за одбрана.

„ Пожарот во нуклеарната централа Запорожје е резултат на провокација на Киев, кој се обидува да ја обвини Русија за создавање жаришта на радиоактивна контаминација“, соопшти руското Министерство.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги обвини Русите за намерно гранатирање на шесте реактори на централата користејќи тенкови со термичко снимање нагласувајќи дека тие сакаат да направат катастрофа како во Чернобил.

Share
Scroll to Top