Борел: ЕУ се соочува со непријателство од муслиманските земји, поради нејзиниот однос кон Газа

Русија изведе уште еден кукавички напад врз Украина, вели Борел

пред 2 години

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел оцени дека Русија ноќеска извела „уште еден кукавички напад“.

„Во текот на ноќта, Русија изврши еден од најголемите напади од почетокот на нејзината инвазија врз Украина, против градови и населението. Тоа беше уште едно кукавичко и неселективно гаѓање училишта, метро станици и болници, што резултираше со смрт на најмалку 16 лица како и одреден број повредени. Европската унија цврсто стои зад Украина, колку што ќе биде потребно“, изјави Борел на платформата Х.

Хуманитарната координаторка на ОН за Украина, Дениз Браун, издаде соопштение во кое најостро го осуди раноутринскиот „подмолен бран руски напади врз населени области во Украина“, што зад себе оставија разурнувања, смрт и човечко страдање, пишува Гардиан.

Текстот Русија изведе уште еден кукавички напад врз Украина, вели Борел е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top