Русија им понуди на САД точен датум за почеток на преговорите

пред 3 години

Русија им понуди на САД точен датум за почеток на дијалогот за безбедносните гаранции и го чека одговорот на Вашингтон, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера најави дека преговорите за безбедносните гаранции меѓу Русија и САД и НАТО ќе започнат во јануари.

Сергеј Рјабков потсети дека руската страна уште од почетокот нагласила дека е подготвена веднаш и без одлагање да влезе во дијалог.