Руското Министерство за надворешни работи упати остра закана до Германија поради можноста за распоредување на ракети со долг дострел „Таурус“ во Украина, пишува ДВ.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија ќе ги смета ракетните напади Таурус врз нејзината критична транспортна инфраструктура како директно германско мешање во украинскиот конфликт.
Фридрих Мерц, претседател на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и веројатно иден канцелар на Германија, минатиот викенд изјави дека е отворен за испорака на ракети Таурус во Украина, но под услов тоа да биде направено во координација со европските партнери.
Според ДВ, Мерц нагласил дека целта е да и се помогне на украинската армија, а не директно да се интервенира во војната и потсети дека Велика Британија и Франција веќе и испорачале слични проектили на Украина.
Германија на тој начин ја рестартира дискусијата за испорака на ракети Таурус, кои имаат дострел поголем од 500 километри и можат да погодат цели длабоко на руска територија.
Текстот Русија: Испраќањето на „Таурус“ од Германија во Украина ќе го сметаме за директно мешање во конфликтот е превземен од МАКФАКС.