Русија и Украина разменија затвореници

Русија и Украина разменија затвореници

пред 2 часа

Министерството за одбрана на Русија денес објави дека разменило воени затвореници со Украина.

„Денес, на 19 август, 103 руски војници беа вратени од територијата контролирана од режимот во Киев. Во замена, беа префрлени 103 воени затвореници од вооружените сили на Украина“, се вели во соопштението, пренесува ТАСС.

Минатата недела, во четвртокот, Русија и Украина прво разменија цивили, а потоа и тела на загинати војници.

Текстот Русија и Украина разменија затвореници е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top