Русија најави нов прекин на огнот, нов обид за воспоставување безбедни излези за цивилите

пред 3 години

Руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на висок руски функционер, објави дека Русите ќе прогласат нов прекин на огнот за олеснување на хуманитарните коридори.

Ова треба да се случи околу 10 часот по московско време, или 20 часот по наше време. Информациите за коридорите од Киев, Чернихив, Суми, Харков и Мариупол ќе бидат испратени до вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук, додаде функционерот.

Неколку претходни обиди за воспоставување безбедни излези не успеаја.

Share
Scroll to Top