Русија објави детали од преговорите и околу што најмногу се согласува со Украина

пред 2 години

Москва и Киев се на половина пат од постигнувањето договор за прашањето за демилитаризација на Украина, а нивните позиции се најмногу усогласени за неутралноста на Украина и повлекувањето од членството во НАТО, изјави рускиот преговарач Владимир Медински, пренесува Интерфакс.

Новинската агенција Интерфакс ја цитираше изјавата на Медински дека преговарачките тимови, обидувајќи се да се договорат за прекин на непријателствата во Украина, разговараат за безбедносните гаранции доколку Украина повеќе не се обидува да се приклучи кон западната воена алијанса.

На 24 февруари Русија испрати десетици илјади војници во Украина во обид да ги ослабне воените капацитети на јужниот сосед и да ги отстрани луѓето што ги смета за опасни националисти. Украинските сили пружаат силен отпор, а Западот воведе сеопфатни санкции кон Русија во обид да ја принуди да ги повлече своите сили.

Share
Scroll to Top