Американското воено присуство во Сирија е нелегално, за разлика од Русија, објави руската амбасада во САД.
„Би сакале да ве потсетиме дека военото присуство на САД во Сирија е, пред сè, незаконско. Затоа, тие немаат право да ги критикуваат легитимните постапки на руските вооружени сили кои дејствуваат во Сирија на покана на сириската влада“, изјавија од руската амбасада. Инспекторот на Пентагон Шон О’Донел, тврди дека дејствијата на руската армија во североисточна Сирија го кршат механизмот за спречување конфликти.
Во извештајот се вели дека „иако руските сили претежно се придржуваа на механизмот, бројот на прекршувања значително се зголеми во споредба со последниот квартал“, рече тој.
Според американската страна, повредата се однесува на вклучување на дополнителни превозни средства во претходно организирана колона за патроли.