Русија тврди дека зазела фабрика во Мариупол

пред 2 години

Руските вооружени сили ја окупираа фабриката „Илјич“ во Мариупол, соопшти портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков.

„Во градот Мариупол, руските трупи и единиците на народната милиција во офанзивни акции, целосно ја ослободија Железара Илјич од украинските националисти“, рече Конашенков, пренесува „Известија“.

Тој наведе дека во текот на минатата ноќ руската авијација уништила 13 воени објекти во Украина, меѓу кои и два магацини за ракетно и артилериско оружје.

Share
Scroll to Top