Русија тестира лек против корона

пред 2 години

Руското Министерство за здравство и одобри на Федералната медицинска и биолошка агенција (ФМБА) да ја изврши третата фаза од клиничкото тестирање на анти-ковид лекот Мир-19.

Тестовите ќе се вршат во 11 медицински установи, а ќе учествуваат 1.274 пациенти, јави ТАС С.

Руското Министерство за здравство го регистрираше Мир-19 на 22 декември, а лекот беше развиен од руската ФМБА за лекување на инфекцијата со корона со вирусот.

Лекот не дозволува вирусот да се размножува и ги спречува најтешките форми на болеста, како што се пневмонија или синдром на акутен респираторен дистрес.

Во моментов, лекот се тестира само во болниците.

Share
Scroll to Top