Русија од утре престанува со испорака на гас во Полска. Оваа информација на прес-конференција ја потврди министерката за клима и животна средина Ана Москва.
„ПГНиГ (Полската државна компанија за снабдување со гас) денеска доби информација дека рускиот гас повеќе нема да доаѓа преку гасоводот Џамал“, соопшти таа.
„Газпром“ го оправда потегот со новите правила објавени минатиот месец, според кои непријателските земји мора да плаќаат за гас во рубли, а ПГНиГ одбила да го стори тоа.
ПГНиГ се потпира на Гаспром за најголемиот дел од увозот на гас и 53 отсто од увозот го купи од руската компанија во првиот квартал од оваа година.