Русија ќе тестира комбинација на „спутник В“ и кинески вакцини

пред 3 години

Русија може да започне со тестирање на комбинацијата на вакцината „спутник В“ и кинеските вакцини во арапските земји, објави „Ројтерс“.

Агенцијата се повикува на Рускиот фонд за директни инвестиции, кој прави маркетинг за руските вакцини низ целиот свет.

Шефот на РДИФ, Кирил Димитријев, рече дека фондот добил бројни барања од други производители, вклучувајќи ги и оние од Кина, за заедничко тестирање.

„Овие се големи производители и може да започнеме со тестирање во арапските земји со комбинирање на „спутник“ и бројни кинески вакцини“, рече Димитријев.

Share
Scroll to Top