Кина донира 30.000 вакцини на Црна Гора

пред 3 години

Кина одобри донација од 30.000 дози вакцина на „Синофарм“ за Црна Гора, која наскоро треба да пристигне во земјата, објави Владата на Црна Гора.

Во соопштението се наведува дека кинеските власти ја одобриле донацијата откако биле контактирани од црногорската влада, и покрај ограничените капацитети за производство на вакцини во Кина и на глобално ниво.

Посочувајќи дека повеќе од 40 земји побарале кинеска вакцина, владата истакна дека кинеските власти ги поддржале своите производители да преговараат со надлежните органи во Црна Гора за набавка и одлучиле да ги одобрат бараните количини во форма на донација, пренесува „Танјуг“.

Во соопштението се вели дека Кина учествуваше во иницијативата Ковакс на Светската здравствена организација и ќе им обезбеди 10 милиони вакцини.

Донацијата на Кина за Црна Гора и меѓусебните односи од почетокот на пандемијата се уште една потврда и знак за дополнително јакнење на традиционалното пријателство меѓу двете земји и народи, се заклучува во соопштението.

 

Share
Scroll to Top