Руската амбасада во Букурешт добила закани за бомба, изјави рускиот амбасадор во Романија, Валериј Кузмин.
Според дипломатот, во Романија постепено се развива „многу напната“ атмосфера.
– Амбасадата постојано добиваше директни закани преку електронска пошта – дека ќе ја кренат во воздух, ќе бидеме отруени и слично – изјави амбасадорот за ТВ-каналот Русија 24.
Да потсетиме, едно лице загина откако утрово со автомобил удри во капијата на руската амбасада во Букурешт.