Рускиот претставник во ОН: Сè оди според планот, „ги ослободуваме“ Донбас и Луганск

пред 3 години

Постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја денеска изјави дека Русија напредува во Украина и дека источните региони Доњецк и Луганск, како што рече, „многу брзо ќе бидат ослободени“.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Во интервју за Би-Би-Си, Небензја на прашањето дали руската инвазија на Украина оди според планот по 100 дена вооружен конфликт, одговори дека е очигледно дека „специјалната воена операција“ напредува според очекувањата.

Ми се чини дека има напредок.Никој не вети резултат за три дена или една недела.Сега некои експерти уверуваат дека руската воена операција е запрена и оди многу побавно од планираното.Но има напредок, тој продолжува и дека е чист како ден“, изјави Василиј Небензја.