Руски научници препорачуваат повеќе месо, а помалку алкохол за оние што примаат вакцина

пред 3 години

Руските научници им препорачаа на сите што примаат вакцина против Ковид-19 да консумираат храна богата со протеини, бидејќи нивниот недостиг, како и стресот, можат негативно да влијаат на создавањето на антитела.

„Луѓето кои примаат вакцина против Ковид-19 треба да јадат повеќе храна богата со протеини, бидејќи недоволно протеини можат негативно да влијаат на производството на антитела на коронавирус“, изјави Александар Гинзбург, раководител на Рускиот истражувачки институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, кој ја разви вакцината „Спутник 5“.

“Количината на храна богата со протеини, односно количината на протеини во исхраната, има големо влијание врз производството на антитела. Производството на антитела е процес што троши многу енергија, така што внесувањето месо, но не и маснотии, има сериозно влијание на тоа”, објасни Гинзбург за ТАСС.

Тој додаде дека луѓето кои биле вакцинирани треба да се фокусираат на консумирање на висококвалитетни протеини, а според рускиот научник, количината на храна богата со протеини потрошена во една земја покажува не само колку е богата таа нација, туку и колку е силен колективниот имунитет на нејзиното население.

Меѓу факторите кои можат негативно да влијаат на производството на антитела, научникот ги наведе алкохолот и стресот.

„Сите форми на стрес можат забележително да го намалат бројот на антитела“, нагласи Гинзбург.

Share
Scroll to Top