Стотици руски падобранци оваа недела ќе одржат вежби во близина на украинската граница, објави денеска агенцијата Интерфакс, цитирајќи го руското Министерство за одбрана.
Околу 1.200 војници и 250 возила, како и еден авион ќе учествуваат на вежбата, која ќе се одржи меѓу центрите за обука на Крим и блиската провинција Краснодар.
Министерството соопшти дека војниците ќе симулираат освојување област како дел од офанзивна операција.