Руски системи за против-воздушна одбрана од новата генерација С-350 Витјаз наскоро ќе бидат распоредени на Крим, изјави командантот на рускиот јужен воен регион, Александар Дворников за воениот весник „Краснаја ѕвезда“.
„На нашите јужни граници, вклучувајќи го и Крим, Русија има прилично моќна против-воздушна одбрана. Способна е да одбие непријателски воздушни напади од сите правци и на сите височини и брзини“, објаснил Дворников, а пренесе руската агенција ТАСС.
Тој изјавил дека руските сили за против-воздушна одбрана се вооружени со напредни системи С-400 Триумф и ракетни и артилериски системи Панцир-С.
„Борбените капацитети со најновите системи С-350 Витјаз треба набрзо да влезат во функција“, рекол Дворников.