Руте: НАТО ќе ја зголеми поддршката за Украина поради бројните руски саботажи

Руте: НАТО ќе ја зголеми поддршката за Украина поради бројните руски саботажи

пред 1 месец

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес објави дека поддршката за Украина ќе биде зголемена поради бројните „саботажи и непријателски дејствија“ што Русија ги презема во последните месеци.

„Русија продолжува со својата безгрижна кампања на непријателски дејствија против НАТО. Се обидува да ја ослабне нашата решителност и да ја спречи нашата поддршка за Украина. Но, не успева“, изјави Руте пред новинарите, објави Ројтерс.

Според него, НАТО ќе направи уште повеќе за Украина.

Генералниот секретар на НАТО, ги повика земјите од Алијансата да останат смирени и да продолжат да ги зголемуваат средствата за одбрана, наведувајќи ја Литванија како пример, во услови на зголемена загриженост за безбедносни инциденти во Европа.

„Останете смирени и продолжете да инвестирате уште повеќе во одбраната, како што прави Литванија“, рече Руте на заедничката прес-конференција со литванскиот премиер Миндаугас Синкавичиус во седиштето на НАТО во Брисел.

Тој оцени дека ваквите настани не треба да предизвикаат паника или да доведат до слабеење на поддршката за Украина. Тој го повтори ставот дека Алијансата има различни опции за одговор на таканаречените хибридни закани.

Руте, исто така, ги повика сојузниците, кога веруваат дека има докази за ова, да не се двоумат јавно да ја посочат Русија како одговорна за одредени инциденти.

Текстот Руте: НАТО ќе ја зголеми поддршката за Украина поради бројните руски саботажи е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top