Руте: Членките на НАТО ги зголемија издвојувањата за одбрана на околу четири отсто од БДП

Руте: Членките на НАТО ги зголемија издвојувањата за одбрана на околу четири отсто од БДП

пред 5 часа

Европските членки на НАТО и Канада веќе ги зголемиле издвојувањата за одбрана на околу четири отсто од својот бруто домашен производ, изјави во понеделникот генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

„Минатата година европските сојузници и Канада потрошија речиси 20 отсто повеќе за основна одбрана во споредба со претходната година. Ако ги погледнеме 2025 и 2026 година заедно, тоа се дополнителни инвестиции од 258 милијарди долари“, изјави Руте пред новинарите во пресрет на самитот на лидерите на НАТО во Анкара.

„И трендот продолжува“, додаде тој.

На минатогодишниот самит, земјите членки на НАТО се согласија до 2035 година да ги зголемат вкупните трошоци за одбрана на пет отсто од БДП. Од нив, 3,5 отсто се наменети за основни одбранбени инвестиции, а дополнителни 1,5 отсто за ставки поврзани со безбедноста.

„Овде во Анкара очекувам државите да претстават јасни, конкретни и веродостојни планови за постигнување на целта од пет отсто. Доказите што досега ги гледаме се импресивни“, рече Руте.

Тој најави и дека членките на НАТО во вторник, на форумот со одбранбената индустрија, ќе објават „десетици милијарди долари нови договори“.

Текстот Руте: Членките на НАТО ги зголемија издвојувањата за одбрана на околу четири отсто од БДП е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top