САД воведе санкции за 16 поединци и 24 групи

пред 3 години

САД денеска воведе санкции за десетици поединци и групи ширум Европа и западната хемисфера, вклучително и некои службеници од Ел Салвадор и, како што се вели, „организирана криминална група од северно Косово“.

Според американското Министерство за финансии, целта на денешната акција, со која се одбележува неделата на Самитот за демократија на претседателот Џозеф Бајден, е борба против корупцијата поврзана со транснационалниот криминал, во чии рамки се идентификувани 16 лица и 24 групи, пренесува Ројтерс.

Според американското министерство, на „црната листа“ се најдоа и Звонко Веселиновиќ и неговиот брат. Според соопштението, Министерството за финансии ги обвинило дека имаат договори со политичари „за да им помогнат на нивните партии да победат на изборите и да им дадат пари на нивните кандидати“.

Share
Scroll to Top