САД ги повлекоа силите од Нигерија по операцијата во која беше убиен вториот човек на ИСИС

САД ги повлекоа силите од Нигерија по операцијата во која беше убиен вториот човек на ИСИС

пред 3 часа

САД повлекоа поголем дел од силите распоредени за неодамнешната операција против милитантите на Исламска држава во Нигерија, а на барање на нигериските власти продолжуваат да обезбедуваат разузнавачка поддршка, изјави командантот на американската Африканска команда (АФРИКОМ), генерал Дагвин Андерсон, пренесува Ројтерс.

Во мај, американските и нигериските сили во заедничка воена операција на североистокот на Нигерија го убија Абу Билал ал-Минуки, вториот човек на ИСИС на глобално ниво.

Андерсон изјави дека значителен дел од американските сили ангажирани исклучиво за таа операција се повлечени, но дека соработката со Нигерија продолжува преку размена на разузнавачки информации.

Според него, операцијата претставува модел за идната безбедносна соработка во Африка, при што Вашингтон обезбедува специјализирани способности, а африканските партнери ги водат операциите на терен.

Тој додаде дека Нигерија по операцијата во мај самостојно продолжила активно да ги гони целите на ИСИС.

Текстот САД ги повлекоа силите од Нигерија по операцијата во која беше убиен вториот човек на ИСИС е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top