Министерството за финансии на САД ги укина санкциите против истакнатиот руски банкар Михаил Задорнов.
Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) го отстрани Задорнов, поранешен руски министер за финансии и финансиски директор поврзан со Откритие банка, од својот список на санкционирани лица, објави Анадолу.
Задорнов, роден во Москва во 1963 година, беше ставен на списокот на санкции на САД во 2022 година според извршна наредба насочена кон лица наводно поврзани со рускиот финансиски сектор по руската инвазија на Украина.
Наоѓањето на таа листа значеше замрзнување на неговите средства под јурисдикција на САД, како и забрана за американските граѓани да соработуваат со него.
Причините за укинувањето на санкциите не беа откриени.
фото/ЕПА
Текстот САД ги укинаа санкциите против рускиот банкар Михаил Задорнов е превземен од МАКФАКС.




