САД го осудија обидот за напад на Ријад, ветија заштита на стабилноста на кралството

пред 3 години

САД во неделата го осудија обидот за воздушен напад на Ријад за време на викендот и рекоа дека секој што ќе се обиде да ја наруши стабилноста на кралството ќе одговара, пренесува „Араб њуз“.

„Се чини дека цел на нападот во главниот град на Саудиска Арабија во саботата, кој беше спречен од воздушната одбрана, беа цивили“, рече Стејт департментот.

„Ваквите напади се во спротивност со меѓународното право и ги поткопуваат сите напори за унапредување на мирот и стабилноста. Додека работиме на деескалација на тензиите во регионот преку принципиелна дипломатија, вклучително и со ставање крај на војната во Јемен, исто така ќе му помогнеме на нашиот партнер Саудиска Арабија да се одбрани од нападите на нејзината територија.

Велика Британија исто така го осуди нападот, со кој беше нарушен регионалниот мир.

„Силно ги осудуваме овие напади и стоиме покрај нашите саудиски партнери“, рече министерот за надворешни работи, Доминик Рааб.

Нападот се случи неколку дена откако САД ги означија милициите на Хутите во Јемен, поддржани од Иран, како странска терористичка организација. Јеменците во неделата почнаа кампања на социјалните медиуми за да ги истакнат злосторствата на Хутите и да ги убедат другите земји да го следат примерот на САД.

Десетици јеменски новинари, активисти за човекови права, интелектуалци и официјални лица ги осудија злоупотребите на човековите права на Хутите, користејќи го хаштагот #HouthiTerrorismInYemen, и споделија фотографии и видеа кои покажуваат како Хутите ги разнесуваат куќите на своите противници.

„Хутите водеа бројни војни против цивилите. Дури и сега, тие сè уште ги напаѓаат Таиз, Мареб, Ал-Бајда, итн. Тие инсистираат на власт врз Јеменците, заснована врз теоријата за божественото право на владеење, идеологијата што Западот ја отфрли пред многу векови “, рече активистот Мохамед Абдулах Касем.

Share
Scroll to Top