САД им препорача на своите граѓани да го преиспитаат патувањето во Израел

пред 3 години

Стејт департментот им препорача на Американците да ги преиспитаат своите планови да патуваат во Израел и палестинските територии поради зголемувањето на израелско-палестинското насилство.

Во упатството издадено синоќа, Стејт департментот ги смени препораките за патување во Израел, Западниот брег и Појасот Газа и ги искачи на ниво три, што значи преиспитување на патувањето.

Претходно, тоа беше на ниво два, кога на патниците во тие области им беше препорачана поголема претпазливост.

Во изменетото предупредување како причина се наведува континуираниот ракетен оган од Газа на неколку области во јужен и централен Израел, вклучувајќи го и Ерусалим и израелската воена реакција на нападите, со „значително засилување“ на насилството и протестите ширум Израел.

„Протестите и насилството може да продолжат со мало предупредување или без претходно предупредување“, рече Стејт Департментот.

Вчера се случи дополнителна ескалација на конфликтот меѓу израелските сили и палестинскиот Хамас, што започна во понеделникот. Хамас истрела ракети длабоко во израелската територија во четвртокот, возвраќајќи со воздушни напади.

 

 

Share
Scroll to Top