САД мислат дека Додик планира поделба на БиХ, тој негира

пред 2 години

Српскиот член на Претседателството на БиХ во видео објава на „Твитер“ изјави дека му е жал што има различни интерпретации за средбата на која присуствувал заедно со Карен Донфрид, помошник-државна секретарка за европски и евроазиски прашања на САД.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Додик изјави дека не е точно тврдењето на Донфрид дека раководството на Република Српска сака да ја срушу БиХ, нагласувајќи дека се залага за почитување на Уставот на БиХ.

„Да се ​​тврди дека раководството на Република Српска сака да ја сруши БиХ не е точно, а точно е дека на средбата со Донфрид, а подоцна и во јавноста кажав дека Република Српска го почитува територијалниот интегритет и меѓународниот суверенитет на БиХ, но и Уставот на БиХ, според кој е составена од два ентитета и три конститутивни народи“, посочи Додик.

За време на овонеделната посета на БиХ, Донфрид испрати порака дека Вашингтон многу сериозно ги сфаќа заканите за стабилноста на БиХ, вклучително и оние од Република Српска.

„САД не се обидуваат да ја укинат РС, но нема да стојат настрана додека сегашното раководство (РС) се обидува да ја растури државата“, рече Донфрид за време на нејзиниот престој во Сараево, потврдувајќи дека нејзината влада и понатаму е подготвена да прибегне кон нови санкции против сите оние кои се однесуваат како Додик и се обидуваат да ја дестабилизираат БиХ.

Слични оценки даде и сенаторот Крис Марфи по посетата на делегацијата на американскиот Сенат во Сараево, кој на својот блог напиша дека постои реална опасност од можни дестабилизирачки потези кои Додик би можел да ги повлече и кои всушност би биле составен дел од стратегијата што ја води рускиот претседател, Владимир Путин.

Српскиот член на Претседателството на БиХ денеска истакна и дека на неодамнешната средба со американските сенатори јасно кажал дека е за договор и побарал да се почитува ставот на Република Српска.

Share
Scroll to Top