САД: Нашите граѓани веднаш да ја напуштат Белорусија

пред 2 години

Американските власти ги повикаа своите граѓани веднаш да ја напуштат Белорусија поради ситуацијата околу Украина, соопшти денеска Стејт департментот.

Граѓаните на САД се повикани на евакуација „поради произволно спроведување на законот, ризик од приведување, невообичаено и загрижувачко акумулирање на руски војници долж белоруската граница со Украина, ковид-19 и ограничувања за влез“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

„Американските граѓани кои се или планираат да патуваат во Белорусија треба да бидат свесни дека ситуацијата е непредвидлива и дека има зголемени тензии во регионот“, се додава во соопштението.

Share
Scroll to Top