Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека САД и предложиле на Анкара продажба на борбени авиони Ф-16, во замена за инвестицијата на Турција во програмата за авиони Ф-35.
Анкара беше отстранета од таа програма откако го купи одбрамбениот систем С-400 од Русија.
Претходно овој месец, Ројтерс објави дека Турција испратила барање до САД да купат 40 авиони Ф-16 и близу 80 парчиња опрема за надградба на постојните воени авиони.