САД: Одобрена употреба на експериментален лек против коронавирус за стари лица

пред 3 години

Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) ја одобри употребата на експериментално лекување со антитела во итни случаи за пациенти постари од 65 години кои имаат друга болест освен корона.

Условот е тие да не се хоспитализирани, додава „Ројтерс“.

ФДА соопшти дека одлуката е поддржана од клинички испитувања кои покажале дека лекот бамланаивимаб ја намалува веројатноста за хоспитализација кај пациенти со коронавирус.

Засега, овој експериментален лек може да се користи за лесни и умерени случаи на коронавирус, како кај деца постари од 12 години, така и кај возрасни, но бамланаивимаб не може да го користат пациенти кои се хоспитализирани и имаат кислородна терапија, додава ФДА.

Овој лек, направен од компанијата „Илај Лили“, не им помагал на пациентите со потешка форма на коронавирус, згора на тоа се покажало дека им одмага, нагласува ФДА.

Share
Scroll to Top