САД остро ја обвинија Турција за поттикнување на тензиите во источен Медитеран

пред 4 години

САД соопштија дека силно ја осудуваат најавата на Турција дека ќе испрати брод за сеизмички испитувања во источен Медитеран.

САД ја обвинуваат Анкара за поттикнување на тензии во регионот и намерно комплицирање на продолжување на преговорите со Грција.

„Присила, закани, заплашувања и воени дејства нема да ги решат тензиите во источниот дел на Медитеранот“, рече портпаролот на Стејт департментот Морган Ортагус, пренесува „Ројтерс“.

Стејт департментот ја повика Турција да престане со оваа пресметана провокација и веднаш да започне прелиминарни разговори со Грција.

Share
Scroll to Top