САД понуди награда од 10 милиони долари за информации за  Хамнеи, и други високи ирански функционери

САД понуди награда од 10 милиони долари за информации за Хамнеи, и други високи ирански функционери

пред 2 часа

Американскиот Стејт департмент денес понуди награда до 10 милиони американски долари за информации за новиот врховен лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, и други високи ирански функционери поврзани со Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).

Во објавата за програмата „Награди за правда“, која ја води Дипломатската безбедносна служба на Стејт департментот, Моџтаба Хамнеи, заменик-началникот на кабинетот на неговиот покоен татко Али Асгар Хеџази, како и претседателот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Лариџани, се наведени меѓу лицата за кои се бараат информации. Високиот воен советник на врховниот лидер Џахја Рахим Сафави, министерот за внатрешни работи на Иран Ескандар Момени и министерот за разузнавање Есмаил Хатиб се исто така на листата, објави Иран Интернешнл.

Објавената брошура, исто така, наведува четири позиции без именувани носители – секретар на Врховниот совет за одбрана, шеф на воената канцеларија на врховниот лидер, врховен командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда и советник на врховниот лидер на Иран. Програмата „Награди за правда“ ги покани луѓето со информации за наведените лица, како и за високи команданти на ИРГК и нивните мрежи, да ги достават преку платформи за шифрирани пораки или комуникациски канал базиран на мрежата Tor.

Како што е наведено, може да се плати награда до 10 милиони долари за информации што ги исполнуваат условите, за информации за новиот врховен лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, и други високи ирански функционери поврзани со Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).

Фото: ЕПА

Текстот САД понуди награда од 10 милиони долари за информации за Хамнеи, и други високи ирански функционери е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top