САД предупредуваат на 7 нови опасни мутации на Коронавирусот

пред 3 години

Додека вниманието на Американците е насочено кон нови соеви коронавирус кои пристигнале од Велика Британија и Јужна Африка, научниците откриле „домашни“ мутации на вирусот .

„Она што загрижува е што тие се развиваат во иста насока и стануваат закана поради сопствената способност да заразат“, потенцираат америкаснките научници.

Во неодамна објавената студија, тим истражувачи пријавиле седум нови видови на коронавирус кои се шират низ целата земја. И сите седум мутирале во ист генетски запис.

„Очигледно нешто се случува со оваа мутација“, рече Џереми Камил, вирусолог од Државниот универзитет во Луизијана, коавтор на новата студија.

Засега, според научнициците не е јасно дали овие варијанти се позаразни. Сепак, според нив постојат големи сомнежитие бидејќи мутацијата се јавува во ген што влијае на тоа како вирусот влегува во човечките клетки.

Share
Scroll to Top