САД веруваат дека рускиот воен брод Москва што потона бил погоден од двe украински ракети, изјави висок американски функционер, пренесува Би-би-си.
Официјален Киев истакнува дека неговите ракети го погодиле бродот, но Русија не пријавила никаков напад и тврди дека бродот потонал по пожар и експлозија предизвикана од муницијата која била складирана на бродот.
Исто така, руските власти велат дека сите 510 членови на екипажот на „Москва“ се евакуирани што би укажувало на тоа дека бродот е напуштен во релативно контролирани услови, односно дека не настрадал од ракети бидејќи во тој случај сигурно би имало загуби меѓу екипажот.