САД се заканија со светска војна – ќе одговориме на секој чекор на Русија кон НАТО

пред 2 години

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека САД ќе одговорат на секој чекор на Руската Федерација што му се заканува на НАТО, дури и ако тоа доведе до светска војна.

„ Американската армија е испратена до границите на Русија, САД ќе одговорат на секој чекор на Руската Федерација кон НАТО, дури и ако тоа доведе до светска војна“, изјави американскиот претседател Џо Бајден.

„ Ние ќе продолжиме да бидеме со нашите партнери и ќе испраќаме очигледна порака: ќе ја заштитиме секоја педа од територијата на НАТО… Едно движење… Затоа испратив 12.000 војници на границите со Русија – во Латвија, Естонија, Романија и така натаму. Затоа што ако има само едно движење, гарантирам дека ќе одговориме. И ќе има трета светска војна. Имаме света обврска“, рече Бајден.

Share
Scroll to Top